Свет
14. December 2020 - 18:00

Азербејџански војник со видео се фали како убил ерменски цивил

Се појавија вознемирувачки снимки од Нагорно-Карабах каде очигледно Меѓународната заедница за човекови права ќе има многу работи во наредниот период.

„Другари, онде има ерменска грдосија“, вели човекот покажувајќи кон бел автомобил со ерменски регистарски таблички.

„Јас го убив. Им ги сечеме рацете за да не можат да земат оружје. Тоа нека им биде лекција“, објаснува човекот кој тврди дека е војник, а на видеото зборува на азербејџански јазик.

Од Amnesty International, невладината организација за човекови права, велат дека истражувале 22 видеа од конфликтот на кои се гледаат егзекуции, злоставување на затвореници и сквернавење на тела на загинати.