Бизнис
22. October 2015 - 9:50

Азески: Проблемот со српското брашно е решен

Проблемот со увозот на српско брашно во Македонија е решен, изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески за новинската агенција Танјуг.

Според Азески, станува збор за технички пропуст на македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство кој во Србија бил протолкуван како воведување ембарго.

- Можам официјално да кажам дека овој проблем влијаеше и на македонските компании, не само на српските. Но, во соработка со Стопанската комора на Србија и надлежните министерства на двете земји, го разрешивме, нагласува Азески, изразувајќи уверување дека вакви проблеми во иднина нема да се повторуваат.

Во медиумите деновиве излезе информација дека Македонија ја подигна рампата за брашното од Србија со објаснување дека за српското брашно не добиваат доволно контролни маркички потребни за ставање во промет на производот.