Азија им оддава почит на жртвите на цунамито од пред 11 години
Жителите на азиските држави во источниот дел на Индискиот Океан, денеска им оддваат почит на жртвите на катастрофалното цунами од 26 декември 2004 години, во чиј налет загинаа над 230.000 лица.
Како што јави ДПА, главната комеморација во индонезиската провинција Ацех се одржа на местото на кое се наоѓа масовната гробница во која се погребани жртвите на цунамито, На церемонијата присуствуваа и гувернерот на Ацех, Заини Абдула и претставници на властите, по што во блиската џамија се одржа молитва за загинатите.
Во Ацех од цунамито пред 11 години загинаа над 165.000 лица.
Во знак на сеќавање на жртвите рибарите во Индонезија, решија вчера и денеска да ги напуштаат пристаништата и да не ловат.
Комеморации се одржаа и на повеќе локации во јужен Тајланд, каде цунамито однесе околу 5.300 животи, меѓу кои имаше и голем број странци, кои беа дојдедни на одмор за време на божиќните и новогодишните празници.
Слични собири се одржаа и во Индија, Малезија и Шри Ланка.
Цунамито на 26 декември 2004 година беше предизвикано од силен земјотрес со интензитет од 9,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на дното на Индискиот Океан, на 160 километри од индонезискиот остров Суматра. Цунамито најтешко ги погоди земјите во источниот дел на Индиксиот Океам, но бранови од него достигнаа и до бреговите на Африка.
Ново на Сител
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната
-
Преглед на вестите од светот
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?
-
Таравари: Коалицијата ВРЕДИ останува дел од владата иако има одредени несогласувања