-->
-->
Баба фатена како краде во маркет во Бутел, внукот се заканувал и дивеел за да ја спаси
-->

Вистинска драма се случувала вчера попладне во маркет на „Жито“ лоциран во Бутел.
Од полицијата денес информираат дека вработена во маркетот пријавила дека околу 11 часот, додека се наоѓала во канцеларијата на маркетот со Н.Х., која претходно била фатена како краде одредени производи од маркетот, и со која разговарала кажувајќи и дека случајот ќе биде пријавен во полиција, во маркетот влегле две машки лица.
Истите, од кои едниот и бил внук, претходно биле телефонски повикани од Н.Х.
По влегувањето во маркетот тие почнале да им се закануваат на Б.Д. и на останатите вработени, а воедно и да фрлаат производи од полиците, на што им се приклучила и Н.Х.,со што предизвикале страв и чувство на несигурност кај присутните.
Интервенирало обезбедувањето и други лица во маркетот и ги отстраниле надвор. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработувања на 300 приватни специјализанти во април – ново ветување на Таравари
-
Камери од домот на Манев ја открија поврзаноста на обвинетите за убиствата на Вања и Панче
-
Возила опремени со паметни камери ќе регистраат сообраќајни прекршоци како дел од „Безбеден град“
-
ДКСК: Член на комисија на АЕК не ги исполнувал условите, но лицето било именувано на функцијата од Собранието
-
Венко Филипче е единствениот кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори
-
Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски?
-
Преглед на вестите од светот