Македонија
9. March 2022 - 18:09

Баба нападната во својот дом во скопско Јурумлери

На 08.03.2022 во 16.00 часот во Полициска станица Гази Баба, М.М.(83) од с.Јурумлери, скопско, пријавила дека на 07.03.2022 околу полноќ, едно лице во куќата ја нападнало со тврд предмет и одзело пари, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.