Бадникарски огнови во Гевгелија и околните населени места
Во Гевгелија вечер ќе се пали бадниковиот оган во рамки на традиционалниот 27-ми по ред коледарски хепенинг, што ќе се одржи на отвореното ракометно игралиште каде моментно се довршува поставувањето на бината.
Предвидено е да настапат пејачи и групи кои ќе ги забавуваат домашните и странски гости во очекување на огнометот.
Традицијата ќе продолжи и во гевгелиското село Негорци, каде во познатото Старец маало манифестацијата годинава ќе се одржи по 22 пат. Негорчани се горди на својата манифестација за која велат дека е единствена во земјава по големината на бадниковиот оган кој се пали од шупливи дрва што се собираат во текот на годината по течението на Серменинска река.
Бадникови огнови вечер ќе се палат и во Богданци, Стојаково, Валандово и Дојран.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници