Бадникова поворка во Битола

Дечиња и ученици од битолските основни училишта денеска во Битола одржаа Бадникова поворка пеејќи ја Божиќната песна „Вечиот бог“, со што го одбележаа Бадник.
Тие ја посетија и градоначалничката на Битола Наташа Петровска.
- Низ детските насмевки што ги гледам, и сјајот во нивните очи, уште еднаш се потсетуваме дека топлината во нашите срца, љубовта едни кон други е најзначајниот сегмент од нашето живеење и дека, токму тоа е она што треба да го носиме во текот на целата година, зошто само на таков начин, ќе умееме едни кон други да изградиме доверба и да направиме сите заедно за нас да биде подобро, рече градоначалничката Петровска на средбата со младите од овој град.
Бадниковата поворка од административната зграда на општина Битола продолжи по Широк Сокак, а заврши во Храмот Свети Великомаченик Димитриј.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
