Бајага: Се чувствувам лошо, ја примив вакцината и имам реакција
Пејачот Момчило Бајагиќ Бајага откри дека има реакција на вакцината против коронавирусот и дека не се чувствува добро, пренесуваат српски медиуми.
„Се чувствувам лошо, ја примив вакцината и имам реакција“, изјави тој за „Курир.рс“.
Дека се вакцинирал, откри Бајага во неодамнешното интервју за „Дневни аваз“ по повод неговиот 61. роденден (19 февруари).
Тој, сепак, признал дека не е воодушевен од вакцинацијата, но смета дека тоа е единствениот начин за борба против коронавирусот.
– Морав да се вакцинирам, затоа и ја примив. Повеќето мои го направија тоа, иако знам дека не баш сите. Очигледно дека ќе мора да се вакцинираат, особено луѓето што патуваат. Така што, како што се вели, подобро што побрзо. Но, не дека сум „луд“ по вакцинацијата, ниту сум голем поддржувач на тоа, но не гледам друга опција. Тоа е сега единствениот начин за борба против коронавирусот – заклучи тогаш.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите