Свет
10. October 2022 - 20:02

Бајден ги осуди руските ракетни напади и вети засилена помош за Украина

Заедно со нашите сојузници и партнери ќе продолжиме да нанесуваме цена за Русија за нејзиниата агресија, ќе ги повикаме Путин и Русија на одговорност за ѕверствата и воените злосторства, и ќе продолжиме со поддршката за украинските сили во одбрана на својата земја и слобода, изјави Бајден.

Тој уште еднаш ја повика Русија да ја оконча војната и да ги повлече војниците од Украина.

Според украинкси извори, во нападите загинале најмалку 11 лица

Претседателот изрази сочувство до жртвите, нарекувајќи ги убиствата „бездушни“.

-Ова уште еднаш ја демонстрира aпсолутната бруталност на незаконската војна на Путин врз украинскиот народ, изјави Бајден. „САД силно ги осудуваат руските ракетни напади во Украина, вклучително и Киев. Во овие напади беа убиени и ранети цивили и уништени се објекти кои немале воена намена. Тие уште еднаш ја демонстрираат екстремната бруталност на илегалната војна на г-дин Путин против украинскиот народ“, рече Бајден во изјавата.