Бајден испраќа 5.000 војници во Кабул
Американскиот претседател Џозеф Бајден одлучи да испрати 5.000 војници во Кабул, наместо 3.000 претходно најавени, со цел да се обезбеди евакуација на американски дипломати и авганистански цивили.
Бајден нагласи дека, по консултации со советниците за национална безбедност, одлучил дека „околу 5.000 војници“, наместо 3.000, да бидат распоредени на аеродромот во Кабул, со цел да се олесни евакуацијата по 20 години конфликт.
Тој и американската потпретседателка Камала Харис утрово одржаа видео конференција со претставници на националната безбедност како одговор на влошената ситуација во Авганистан. Официјален претставник на Белата куќа рече дека разговарале за напорите за евакуација на американските цивили од Авганистан, како и Авганистанците кои работеле за американската влада, и за брзите промени на теренот.
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино