Бајден најави продолжување на вонредната состојба поради Ковид-19
– Американскиот претседател Џо Бајден објави дека вонредната состојба прогласена во САД во март 2020 година поради пандемијата на Ковид-19 ќе биде продолжена и по 1 март 2022 година поради ризикот што коронавирусот го претставува за јавното здравје.
Бајден истакна дека смртта на повеќе од 900.000 Американци како последица на Ковид-19 укажува на потребата да се одговори на пандемијата со „полн капацитет“ на федералната влада.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба пред речиси две години со цел да ослободи 50 милијарди долари федерална помош.
– Останува потребата да се продолжи оваа национална вонредна состојба, истакна Бајден во писмото што го испрати вчера до лидерите на американскиот Конгрес, претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и претседателот на Сенатот Чак Шамер.
Ново на Сител
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Под седиштата и во фабричка шуплина на автобус шверцувале пури во вредност од 4.000 евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
