Бајден наложи преглед на голем број документи за нападите од 11 септември
– Американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ за преглед на некои владини документи, поврзани со нападите од 11 септември 2001 година, со цел нивна евентуална декласификација, соопшти прес-службата на Белата куќа.
– Информациите собрани и акумулирани за време на истрагата за терористичките напади од 11 септември од американската администрација, сега мора да бидат откриени, освен ако нема посериозни причини, кои го тврдат спротивното, се наведува во декретот.
Во текстот се наведуваат документите кои треба да се разгледаат. По завршувањето, министерот за правда на САД, кој е и главен обвинител на земјата, мора да му достави извештај на претседателот по консултација со раководители на други оддели. Документите кои треба да се декласифицираат мора да бидат јавно објавени во рок од шест месеци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024