Бајден: Односите меѓу САД и Виетнам влегоа во нова фаза
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска за време на неговата посета на Ханој дека односите на САД со Виетнам влегле во нова фаза.
Говорејќи на бизнис форум, Бајден рече дека двете нации ја продлабочуваат соработката на полето на информатичката технологија, полупроводниците и вештачката интелигенција, објави Ројтерс. Бајден нагласи дека Виетнам е клучен за минералните резерви од исклучително значење.
Лидерите на водечките американски и виетнамски компании од областа на полупроводниците, информатичките технологии и авијацијата денеска се сретнаа во рамки на посетата на Бајден на Ханој. Директори од „Гугл“, „Интел“, „Амкор“, „Марвел“, „Боинг“ и други присуствуваа на Самитот за иновации и инвестиции меѓу САД и Виетнам.
Од виетнамска страна учествуваа менаџери на производителот на електрични автомобили „Винфаст“, авиокомпанијата „Виетнам Ерлајнс“, технолошката компанија ФПТ, како и интернет компанијата ВНГ.
Според проценките на Американскиот геолошки институт, Виетнам е втората земја во светот по наоѓалишта на ретки минерали кои се користат во производството на електрични возила и турбини на ветер.
Деловниот состанок уследи по договорот за подобрување на дипломатските односи меѓу САД и Виетнам во неделата.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и виетнамскиот министер за инвестиции Нгуен Чи Дунг одржаа средба, по што следеа разговори со Бајден и виетнамскиот премиер Фам Мин Чин.
Ново на Сител
-
Четврта последователна победа на Сузука за Верстапен
-
Околу 15.000 луѓе евакуирани во Германија поради сомневање за бомби од Втората светска војна
-
Уапсени две лица, возеле мортус пијани
-
Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск
-
ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка
-
Протест во Париз против пресудата за Ле Пен
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Приведено едно лице, по друго се трага, за пукањето објавено на Фејсбук | ВИДЕO