Бајден помилувал 39 лица за ненасилни кривични дела, а им ги намалил казните на 1.500

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден денеска објави дека помилувал 39 лица осудени за ненасилни злосторства и им ја ублажил казните на речиси 1,500 лица кои отслужуваат долги затворски казни.
Помилувањето и намалените казни дојдоа една недела откако Бајден потпиша безусловно помилување за неговиот син Хантер.
Официјални лица минатата недела рекоа дека Белата куќа ги слуша барањата Бајден да ја изрази истата милост кон илјадници луѓе на кои им е нанесена неправда од правосудниот систем.
Денеска беа најавени помилувања за оние кои беа во домашен притвор за време на пандемијата на Ковид-19.
Бајден рече дека овие луѓе би добиле пократки казни доколку биле обвинети според денешните закони, политики и практики.
А новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, најави дека на првиот ден на функцијата ќе ги помилува луѓето кои учествуваа во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.
Ново на Сител
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
