-->
-->
Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор
-->

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги преиначи казните на 37 од вкупно 40 осуденици на смрт.
Според одлуката на 37 осуденици казната им е преиначена во доживотен затвор без можност за условно ослободување.
Со тоа Бајден го осуети планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за забрзување на темпото за извршување на смртните казни.
Одлуката за помилување на еден претседател не може да биде поништена од неговиот наследник.
Трамп за време на првиот мандат (2017 – 2021) повторно ги почна федералните егзекуции по пауза од 20 години, додека Бајден, уште во кампањата соопшти дека е против смртната казна, а по преземањето на функцијата, во јануари 2021 година, ги стопира федералните егзекуции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР дел од меѓународна операција за сузбивање онлајн-измами и перење пари координирана од Интерпол
-

Андоновски: Реализирано ветувањето за Центар за услуги во Прилеп
-

Син ѝ се заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници
-

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО
-

Среде ноќ испразниле цел банкомат во Веро Џамбо | ФОТО
-

Трагедија во Македонија: 14-годишно девојче почина по пад од лулашка
-

Сончев и топол викенд, во недела попладне можен локален дожд со грмежи
-

При претрес во Скопје пронајдена дрога, уапсени две лица
