Бајден пристигна во Северна Ирска, беше пречекан од британскиот премиер Сунак
Американскиот претседател Џозеф Бајден пристигна во Северна Ирска, каде беше пречекан од британскиот премиер Риши Сунак.
Американскиот претседател дојде во кратка посета за време на која ќе присуствува на 25-годишнината од мировниот договор со кој заврши 30-годишното крвопролевање во Северна Ирска.
Бајден, кој е многу горд на своите ирски корени, планира да помине само половина ден во Северна Ирска, која е една од четирите конститутивни ентитети на Обединетото Кралство, а ќе помине цели три дена во Република Ирска каде ќе има средби со владини претставници и негови подалечни роднини.
Бајден, кој беше пречекан од Сунак на меѓународниот аеродром во Белфаст, пристигнува во деликатен политички момент во кој најголемата пробританска партија во Северна Ирска продолжува да ја бојкотира децентрализираната влада на Северна Ирска, чие воспоставување произлезе од клучниот дел од мировниот договор постигнат во 1998 година.
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
