Бајден: Проектилите во Полска веројатно не се истрелани од Русија
Според првичните информации, можно е проектилите да не се истрелани од Русија, изјави американскиот претседател Џо Бајден во врска со експлозијата во Полска, близу границата со Украина, при што загинаа две лица.
– Не сакам ништо дефинитивно да кажам, додека не се изврши целосна истрага. Но, поради траекторијата на проектилите, малку е веројатно дека се истрелани од Русија. Но, ќе видиме што ќе донесе истрагата. Иако првите информации ја поврзуваа Русија со ова, прелиминарните истражувања го оспоруваат тоа, истакна Бајден во обраќањето во живо на Си-Ен-Ен.
Тој додаде дека Русија со своето дејствување и понатаму ја влошува ситуацијата во Украина.
Претседателот на САД моментално се наоѓа на Бали во Индонезија на самитот на Г20, а пред изјавите, имаше итен состанок со останатите лидери од Г7 – Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Канада и Јапонија, а на состанокот присуствуваа и лидерите на Шпанија и Холандија.
Ново на Сител
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје
-
УЈП: Крајниот рок за ДДВ-04 пријавите е 25 февруари, до вчера поднесени само 25 отсто од вкупниот број