Свет
19. August 2024 - 8:27

Бајден: САД не се откажуваат од напорите за примирје во Газа

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека прекин на огнот во Газа „сѐ уште е можен“ и увери дека САД не се откажуваат од напорите за постигнување примирје.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Хамас вчера се обвинија меѓусебно за неуспехот на посредничките напори за постигнување примирје, во момент кога започна посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Израел.