Бајден се сретна со Зеленски и најави нов пакет воена помош за Украина
Американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет воена помош за Украина. Новиот пакет воена помош, како што јавуваат светските агенции, е во износ од околу 375 милиони долари.
На средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на состанокот на лидерите на Г7 во јапонскиот град Хирошима, Бајден му рекол на украинскиот лидер дека САД прават се што е можно за да ја зајакнат одбраната на Украина.
„Новиот пакет воена помош вклучува муниција, артилерија и оклопни борбени возила. Ние сме со Украина и нема да ја напуштиме“, рече Бајден.
Зеленски му се заблагодари на Бајден за неговата поддршка.
„Ние сме благодарни. Никогаш нема да заборавиме. Ви благодариме“, рече украинскиот лидер.
На новинарско прашање дали градот Бахмут, за кој Русија вчера соопшти дека е заземен од нејзините сили, сè уште е во украински раце, Зеленски одговори „Мислам дека не“.
„Денес Бахмут е само во нашите срца“, истакна украинскиот претседател.
Ново на Сител
-

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за ЕХФ ЕУРО 2034
-

Расчистено насилство во скопско, поднесена е кривична пријава против три лица
-

Пијан возач од Струмица усмрти 19-годишна девојка на мотор
-

За да се спаси селото Лознани Александар Чепиговски со трактор влезе во огнот
-

МНРиНТ: Македонските државјани во подрачјата зафатени од грчките пожари да ни се обратат ако им треба помош
-

ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати
-

САД ја преиспитуваат нуклеарната стратегија, фокус на одвраќањето и стабилноста
-

Почнува Богородичниот пост
