-->
-->
Бајден: Вакцинацијата во САД нема да биде задолжителна
-->
Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека вакцинацијата против Ковид-19 во САД нема да биде задолжителна и Американците нема да бидат принудени да примат вакцина.
Истовремено, Националниот центар за контрола и превенција на болести апелираше задолжително да се носат заштитни маски на отворено и предупреди дека САД „се влезени во фаза на висока трансмисија“ на вирусот.
Во изминатите 24 часа во САД се потврдени речиси 225.000 нови случаи на Ковид-19 и над 2.500 починати.
Од почетокот на пандемијата, во земјата се регистрирани 14,3 милиони заразени и 278.000 смртни случаи од коронавирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?