-->
-->
Бајден во понеделник ќе ја прими вакцината на „Фајзер“/„БиоНТек“
-->
Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден во понеделник ќе ја прими првата доза од вакцината на „Фајзер“/ „БиоНТек“ во сојузната држава Делавер, изјави денеска неговата портпаролка Џен Псаки, јави ДПА.
Бајден заедно со неговата сопруга Џил јавно ќе ја примат првата доза од вакцината „за да испратат јасна порака до јавноста дека таа е безбедна“, рече портпаролката Џен Псаки.
– Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф вакцината ќе ја примат по Божиќ поради безбедносните и медицинските протоколи, додаде Псаки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
