Свет
7. January 2025 - 10:28

Бајден забрани нови дупчења на наоѓалишта на нафта и гас во близина на атлантското и тихоокеанското крајбрежје на САД

Претседателот на САД, Џо Бајден, забрани нови дупчења на наоѓалишта на нафта и гас во близина на крајбрежјето на САД, а во обид да го зацементира своето еколошко наследство.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп пак ветува обнова во САД на ископувањата на јаглеродни енергетски ресурси како јаглен, нафта и гас.