„Баклава“ на манифестацијата „Македонија во чест на Св.Кирил“

Во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“ денеска во Рим ќе настапи етно музичката група „Баклава“, која ќе ја претстави македонската изворна музичка традиција.
Македонската државно - црковната делегација предводена од министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера присуствуваше на молебенот на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“. Со молебенот на гробот на Светителот, чиноначалствуваа митрополитот дебарско – кичевски Тимотеј и митрополитот Европски г. Пимен.
Министерот Попоски, утре, како дел од државно - црковната делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов, ќе присуствува на аудиенцијата кај Папата Франциск, а веднаш потоа ќе го придружува македонскиот претседател на средбата со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пиетро Паролин, во Апостолската Палата.
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради 5. издание на трката „Водно 10К"
-

Јемен по втор пат го нападна Израел со ракети
-

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети
-

Во Србија се одржуваат избори во 10 локални самоуправи
-

Облачно со врнежи во источните делови
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
