Балетска премиера на „Balcan Dance Project vol.1“
Во Македонскиот народен театар вечер ќе се одржи балетска премиера на „Balcan Dance Project vol.1“, современа балетска претстава во кореографија на Александар Илиќ од Србија и Игор Киров од Македонија.
Настапуваат Мојца Мајцен од Словенија, Адријана Данчевска од Македонија, Катерина Стојковиќ, Миона Петровиќ и Теодора Сујиќ од Србија.
Музиката е на Дуке Бојаџиев, Кирил Џајковски, Beata Viscera - Петротин, Василие Ѓоковиќ, а сценографијата на Дуња Костиќ.
Проектот е во соработка со фестивалот „Велење“, Словенија.
„Balkan Dance Project“ е интернационална танцова продукција која ги обединува младите надежни кореографи, танчери и музички уметници од Македонија, Србија, Словенија и Хрватска.
Низ своите приказни, овие уметници го споделуваат индивидуализмот и во исто време истражуваат нови искуства за животот на балканските простори.
Со овој проект се соединуваат новата генерација уметници од балканскиот регион и се охрабруваат да соработуваат и да работат на интеграција споделувајќи го сличното културно наследство, да ја поттикнат креативноста, како и да ги раздвижат уметниците и културните работници, да го промовираат вкрстениот културен дијалог низ јазикот на уметноста.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава