Балистите ја преименуваа арената „Филип Втори“ во Адем Јашари, основачот на УЧК
Навивачите на Шкендија ја преименуваа Националната арена „Филип Втори“ во „Адем Јашари“. На официјалната фејсбук-страница на „балистите“, во најавата за натпреварот против Млада Болеслав, стои дека мечот ќе се игра в четврток на aрената „Адем Јашари“.
- Сите заедно да ја испишеме историјата - арена „Адем Јашари“ - стои на официјалниот плакат за натпреварот, со напомена дека збирното место ќе биде на плоштадот „Илирија“ во Тетово.
Адем Јашари, по кого е прекрстен најголемиот стадион во Македонија, е основач на УЧК и еден од најголемите џелати на Србите во Косово. За Албанците во Косово, Македонија и во Албанија тој е еден од најголемите херои и неговото име го носи Домот на културата во Приштина, на аеродромот, а Косовците дури и имаат отворено и музеј во кој се истакнати неговите војнички успеси во борбата за независност на Косово. Адем беше убиен од страна на српската војска во 1996 година.
На речиси сите натпревари „балистите“ истакнуваат транспаренти со националистичка содржина и карти на голема Албанија, ја исвиркуваат химната, извикуваат навредливи слогани против Македонците. Капак на нивното недолично однесување беше натпреварот од Купот на Македонија кога искршија столчиња и направија штета од десетина илјади евра.
Ново на Сител
-
Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март
-
УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ - 04 пријавите
-
По пауза од 17 години од март директна авиолинија Скопје - Амстердам
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Од март Во Скопје ќе се изнајмуваат електрични автомобили, во просек ќе биде од три до шест евра
-
ЦИП: Заврши геофизичкото скенирање на предисториски локалитети во Охридско-преспанскиот регион и во Пелагонија
-
Адвокатот на починатата родилка од Куманово: Како може здрава родилка која имала здрав плод, природно да почине?
-
Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор