Балкан
2. May 2018 - 13:33

Балканот врие од змии: Во БиХ убиена една од најдолгите змии во Европа

Змија долга 160 см вчера е убиена во Доњи Хамзиќи, во општината Читлук.

Според фотографиите кои ги објави бљесак.инфо, сметаат дека се работи за змијата кравосас. Кравосас или elaphe quatuorlineata е неотровна, најдолга змија во Европа.

Може да порасне и до 2 метри, но просечната должина и е метар ипол.

Инаку, годинава на ова подрачје е забележано и едно каснување од змија отровница.