Македонија
12. April 2019 - 8:45

Балканска олимпијада во информатика во Скопје

Педесетина ученици од Северна Македонија, Бугарија, Белгија, Србија и Турција ќе учествуваат на „Олимпијадата во информатика 2019, што ќе  се одржи од денеска до 14 април во просториите на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ).
 
Олимпијадата е во организација на МБУ, во соработка со Здружението на информатичари на Македонија, со поддршка од Меѓународната олимпијада за информатика, Балканската олимпијада за информатика и Националната олимпијада на Северна Македонија.