Македонија
5. July 2017 - 11:54

Балкански културни средби во Неготино

Во Неготино синоќа беше отворена изложба на дела насликани во рамки на ликовниот хепенинг „Балкански културни средби 2017", кој се реализираше во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи". Манифестацијата се одржа по шести пат. 

Директорката на Центарот за култура „Иван Мазов-Климе" Мирјана Јованова, информира дека на средбите досега имаат учествувано бројни уметници од Македонија и балканските земји. 

- Целта на овој проект е афирмација на ликовната уметност, заедничко дружење на сите ликовни уметници, развивање на ликовната уметност и запознавање на знаменитостите на нашиот град, рече меѓу другото Јованова.

Изложбата ќе биде отворена во наредните седум дена и неа ќе можат да ја погледнат сите љубители на уметноста.