Балотели ќе ја тужи Бреша
Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели, ќе го тужи својот сегашен клуб за неисплатени плати, објави „Газета дело Спорт“, барајќи целосна исплата за месец март, кога повеќето клубови се договорија со играчите да не им плаќаат заради паузата во шампионатот поради пандемијата од коронавирус.
– Мислам дека Балотели е единствениот фудбалер во европските врвни лиги кој сака целосна сума на својата плата за март, прокоментира адвокатот на Бреша, Матија Грасани.
Играчот исто така инсистираше на тоа дека бил дискриминиран, откако бил спречен целосно да тренира. На поранешниот италијански репрезентативец не му беше дозволено да тренира во Бреша на почетокот на неделава.
Според информациите, напаѓачот бил дисциплиниран од клубот минатата недела, откако не се појавил на тренинзи.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот