Фудбал
31. December 2020 - 9:51

Балотели се врати со гол за Монца

Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели вечерва успешно дебитираше за второлигашот Монца, постигнувајќи гол веќе во четвртата минута во триумфот над Салернитана од 3:0 во дерби натпреварот во Серија Б.

Последен пат Балотели беше стрелец на официјален натпревар пред точно 360 денови, постигнувајќи гол на 5 јануари, на мечот меѓу Бреша и Лацио.

Минатата сезона Балотели постигна пет голови за Бреша, одигрувајќи го последниот натпревар во март.

Со испаѓањето на Бреша во Серија Б, 30-годишниот напаѓач долго време беше во потрага по нов клуб, се до трансферот во италијанскиот второлигаш Монца на почетокот на декември.