Македонија
22. February 2017 - 14:32

БАН и МАНУ ја разгледаа досегашната соработка

Претставници на Бугарската академија на науките (БАН) и на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска во Софија одржаа работна средба на која беше разгледана досегашната соработка меѓу двете академии.

Претседателите на БАН и МАНУ, Јулијан Ревалски и Таки Фити, како одлична ја оценија соработката во сите 30 заеднички реализирани проекти и најавија дека наскоро раководствата на двете академии треба да го разгледаат и одобрат списокот на заедничките нови проекти за периодот од 2017 до 2019 година.