Бан: Итно да се спречат провокациите на Северна Кореја
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска оцени дека тензиите на Корејскиот Полуостров никогаш не биле толку големи и го повика Советот за безбедност на ОН да преземе итни чекори за спречување „провокативни акции“ на Северна Кореја.
На денешната прес - конференција тој истакна дека американската амбасдорка во ОН Саманта Пауел веќе почнала да работи на нова резолуција на ОН со клучните членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ја и Кина.
Според него, неопходно е СБ да биде единствен и да покаже цврста решителност и посветеност, а не да губи време во испраќање силни пораки до Северна Кореја дека нејзините нуклеарни тестови и лансирање на балистички ракети се неприфатливи и оти мораат да престанат.
Како што додаде Бан, Советот за безбедност на ОН оваа година осум пати се состанал за да разговара за Северна Кореја, што ја покажува сериозноста и тежината на ситуацијата.
Ново на Сител
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал