Свет
13. February 2016 - 10:12

Бан Ки-мун го поздрави планот за прекин на судирите во Сирија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го поздрави планот за прекин на непријателствата во Сирија, со што ќе се овозможи хуманитарната помош да стаса до десетиците илјадници луѓе чии животи се загрозени.

- Десетици илјади луѓе таму се во ситуација очајнички да им е потребна помош која би им го спасила животот, а на целата земја итно и е потребен мир, изјави Бан на прес-конференцијата за време на посетата на Канада.