Свет
26. March 2016 - 8:56

Бан: Во Сирија најмалку 255.000 убиени, можеби и половина милион

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави за време на посетата на либанската престолнина Бејрут, дека во соседна Сирија во „војната се убиени 255.000 луѓе“, а според некои извори животите ги загубиле 500.000 лица, пренесе ТАСС.

Бан повика на што поскоро ставање крај на судирите и укажа на улогата која Русија и САД ја играат во напорите да се дојде до мировно решение.

Генералниот секретар на ОН рече дека четири милиони Сиријци избегале, а на уште 12 милиони внатре во земјата им е потребна хуманитарна помош.

Бан додаде дека половина Сирија е во урнатини, бидејќи над 50 отсто од инфраструктурата е уништена.