Свет
28. јуни 2020 - 14:42

Бангладеш во опасност од големи поплави

По монсунските дождови и зголемувањето на нивото на реките во соседна Индија, земјоделските области во северен Бангладеш, се изложени на ризик од поплави.

Според надлежните во Бангладеш, нивото на водата на многу реки сè уште се зголемува, што носи ризик од пукање на насипите, а во тој случај стотици илјади луѓе во повеќе од 20 области би биле погодени од поплавите.

Службеник за итни случаи во областа Сираџганџж изјави дека околу 50.000 семејства веќе биле погодени од зголемувањето на нивото на водата во реката Џамун и дека многу области би биле под вода ако нивото на водата продолжи да расте.

Поради дождовите во изминативе денови, големите реки во сиромашниот северен дел од земјата веќе поплавија многу населени и земјоделски области на пониска надморска височина.