Балкан
17. March 2020 - 21:52

Банско е под целосна блокада и карантин

Бугарскиот зимски центар Банско е под карантин и блокада, јави Бгнес. Тоа се случува по одлуката на Оперативниот штаб за борба со новиот коронавирус.

На вонредниот брифинг во Советот на министри, генерал-мајор Венцислав Мутафчиски објави дека вкупниот број на заразени  достигнал 81 лице. Три од нив се од градот Банско. Тие се луѓе кои се занимаваат со активности поврзани со туризмот.

„Националниот оперативен штаб предлага Владата да преземе посилни мерки за градот Банско. Причината е што во градот се регистрирани три случаи на заразени со новиот коронавирус и зимските одморалишта се исклучително опасно место за ширење на заразата“, нагласи Мутафчиски

„Во Банско постои загрижувачки тренд на зголемување на заразата, рече тој.

Од доцна попладнево на територијата на Банско се воведуваат следните мерки: На сите лица кои живеат на територијата на градот им е забрането влегување и излегување од градот Банско. Лицата со постојана или тековна адреса во градот Банско кои се надвор од градот, можат да се вратат во своите домови до 20 часот на 18 март.

Министерот за внатрешни работи, Младен Маринов, рече дека се преземени сите законски мерки за да се испочитува наредбата. Мерките имаат за цел да го минимизираат ширењето на заразата. Во моментов во хотелите има околу 200 странски туристи. Мерките се воведуваат за рок од две недели. (МИА