Барања за државна помош за исплата на плата работодавачите може да поднесуваат уште денеска

Работодавачите до Управата за јавни приходи може уште денеска да поднесуваат барања за државна помош за зачувување на работните места. Рокот, како што рече директорката на УЈП Сања Лукаревска, е пролонгиран заради прекинот во аплицирањето поради преопторавеност на системот.
-Имавме прекин во системот за пријавување поради преоптовареност, но затоа ќе го продлжиме рокот за да им излеземе во пресрет на сите компании кои сакаат да ја искористат оваа државна мерка. Ние секогаш сме на страната на граѓаните и на страната на компаниите и затоа ќе им овозможиме на сите они кои ги исполнуваат условите да можат да земат средства за покривање на платите, рече Лукаревска во гостување на ТВ Телма.
Работодавачите може да поднесуваат барања за исплата на плата на вработените за октомври електронски преку системот Е-даноци, каде се прикачени обрасците.
Поддршката, е дел од четвриот пакет мерки, и е скалеста и се движи од 14.500 до 21.776 денари по вработен, во зависнсот од степенот на намалениот приход на работодавачот.
Целта на мерката, за која се предвидени 70 милиони евра е зачувување на работните места и задржуавање на платите на исто ниво, а се однесува за месеците октомври, ноември и декември.
Компании кои ќе се пријават и ќе добијат пари за плати, а при тоа не ги искористат за таа намена, ќе одговараат кривично, најави директорката.
-Месец за месец јавно ќе ги објавуваме имињата на компаниите кои ги злоупотребуваат парите. Заедно со трудовиот инспекторат ќе постапуваме, ќе контролираме и секој ако направил злоупотреба ќе си одговара пред надлежните органи, исто како што има пријави во Јавното обвинителство за оние кои го направија тоа минатиот пат кога се даваше помош за плати, така ќе биде и сега, и уште построго, рече Лукаревска.
Глобите се движат од 500 до 1000 евра за малите правни лица, односно 1000 до 10000 евра во денарска провивредност на големите правни лица, А глоби на одговорното лице во правното лице се движат од 100 до 500 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела
-

Висок ирански свештеник побара од папата да го осуди убиството на ајатолахот Али Хамнеи
-

Трамп изјави дека Путин можеби „малку“ му помага на Иран
-

Мерц повикува на „убедлив план“ за да се спречи „бескрајна“ војна со Иран
-

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а ИРГЦ и Хезболах за терористички организации
