Фудбал
14. August 2017 - 10:29

Барса мора да го освежи тимот

Играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, смета дека на тимот под итно му се потребни засилувања до крајот на преодниот рок и дека е оптимист пред реваншот со Реал во Суперкупот и покрај тоа што неговиот тим има негативен резултат.

„Потребни ни се засилувања. Не поради овој резултат, туку за да се освежи тимот. Ситуацијата е тешка, но на Бернабеу ќе одиме со манера да победиме. Ова за нашите навивачи е разочарувачки но во минатото покажавме дела можеме да побуваме во Мадрид“, рекол Бускетс.

Реваншот во Суперкупот ќе се одигра в среда, во Мадрид од 23 часот, а Реал по првиот меч има предност од 3:1.