Барселона одби 100 милиони евра за Рафиња и му нуди нов договор
Бразилецот Рафиња е еден од најдобрите играчи на Барселона оваа сезона, а доказ за тоа е тоа што постигна 24 гола, од кои ниту еден од пенал, што го прави најдобар играч во Ла Лига. Зад него се Килијан Мбапе од Реал Мадрид со 23 гола и ѕвездата на Ливерпул Мо Салах со 21 постигнат гол.
Сето тоа влијаеше на челниците на каталонскиот гигант да му понудат нов договор на Јужноамериканецот и покрај тоа што неговата преселба во Саудиска Арабија изгледаше многу извесна.
Светските медиуми објавија дека Барселона имала понуда од 100 милиони евра за Рафиња, додека самиот играч би добил плата од околу 15 милиони евра доколку се пресели во Ал-Хилал. Сепак, клубот оцени дека Бразилецот им е повреден од парите и реши да му понуди нов договор до 2030 година, со што стана еден од најплатените играчи во тимот.
Првотимецот на Барселона оваа сезона одигра 40 натпревари за Барселона и покрај споменатите 24 гола, забележа и 18 асистенции за своите соиграчи.
Ново на Сител
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите