-->
-->
Барселона со помош на судиите до нова победа!
-->
Барселона славеше над Рајо Ваљекано со 5:1 и постави нов рекодр во шпанскиот фудбал. Избраниците на Луис Енрике се непоразени на последните 35 натпревари со што го соборија рекордот на Реал Мадрид од сезоната 1988/1989. На „Ваљекас“ стадионот во Мадрид, Лео Меси постигна ’хет трик’, Арда Туран го постигна првиот гол во дресот на Барселона, а мечот мина и во знакот на лошото судење на арбитрите предводени од Ињаки Биканди.
Резултатот го отвори Ракитиќ во 21.минута, кога рутински ја спроведе топката во мрежата на Рајо по грешката на голманот Хуан Карлос. Веќе во следната минута Барса поведе со 2:0, но голот на Меси не беше регуларен, бидејќи асистентото Нејмар, во моментот кога доби топка од Иниеста беше во офсајд.
Победникот практично беше решен во финишот на првиот дел кога Љоренте, поради старт врз Ракитиќ, доби директен црвен картон.
Во второто полувреме Меси зголеми на 3:0, а веднаш потоа Манучо ја продолжи својата голгетерска серија и намали на 3:1.
Барселона потоа доби пенал, а поради прекршокот Итура доби црвен картон. Главниот судија и тука направи голема грешка бидејќи Бускетс, во моментот кога се обидуваше да постигне гол беше во офсајд.
Сепак, голманот Хуан Карлос го одбрани пеналот кој го изведе Луис Суарез. Уругваецот втор пат во низа не реализириаше пенал во шпанското првенство, а Барселона го промаши седмиот пенал сезонава.
До крајот на мечот Меси го комплетираше ’хет трикот’, а Арда Туран, со својот прв гол во дресот на Барселона, го постави конечниот резултат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари
-
ВМРО-ДПМНЕ бара Судски и Советот на јавни обвинители да го преиспитаат предметот за Теодора
-
Истражување: Секоја петта објава на политичките партии содржи штетен наратив