Свет
27. September 2016 - 13:54

Баскиската ЕТА сака мировен договор како во Колумбија

Баскиската сепаратистичка организација ЕТА го потврди своето откажување од насилството, објавено пред пет години во Шпанија, и изрази жалење што мировниот договор не може да биде преговаран во Колумбија, во изјавата објавена денеска во баскисиот весник Гара, пренесува дописникот на МИА.

ЕТА гарантира дека нејзините членови се едногласни за тоа што да се прави: политички пат за да се напредне кон независност на Баскија. Одлуката да се откаже од вооружената борба, објавена на 20 октомври 2011 година, е "единствената рефернца на милитантите на ЕТА ", пишува таа. Организацијата бара левичарите кои се залагаат за независност на "стратешко трпение", велејќи: " Политичка слабост на оние кои го негираат нашиот статут на народ и правото на баскиските граѓани да одлучат е поочигледна од кога било".

Но, организацијата го осудува фактот дека Шпанија не способна да се движи кон историскиот мировен договор, како оној потпишан во понеделникот во Колумбија меѓу претседател Хуан Мануел Сантос и ФАРК за да стави крај на вооружениот конфликт повеќе од половина век. Минималните цели кои беа поставени не се исполнети ", се жали ЕТА.

Организацијата нагласува "итност" на "да се вратат" баскиските затвореници расфрлани во различни затвори во Шпанија и Франција. Таа сака да се "испразнат затворите и да се вратат дома сите браќа и сестри расфрлани низ целиот свет." Организацијата сака да преговара за своетот распуштање со Шпанија и Франција во замена за амнестија или регрупирање на своите 350 членови затворени во тие земји.
Париз и Мадрид одбиваат повторувајќи дека не преговараат со "терористи" и дека ЕТА ќе умре самата од себе.

ЕТА, која сака независност на Баскија, е одговорен за најмалку 829 смртни случаи во последните 40 години, од 1968 година. Нејзиниот текст беше објавен денеска, на годишнината од последните егзекуции извршени во 1975 година под диктатурата на Франциско Франко, кога бил стрелани два членови на ЕТА и тројца членови на ФРАП (револуционерниот антифашистички патриотски фронт).

ЕТА тврди во соопштението дека тоа било напишано пред регионалните избори во неделата во Баскија, каде што победници беа националистичките сили и сепаратистите. Конзервативната партија Баскиска националистичка партија напредуваше со 29 од 75 места, по што е следена од страна на сепаратистичката Партијата на левицата ЕХ Билду (17), предводена од поранешни активист на ЕТА кој е наколнет за мир, Арналдо Отеги. Елкарекин Подемос, кој го брани правото на самоопределување, направи сензација освојувајќи во баскиското собрание 11 места.