Базата Инџирлик во Турција блокирана, струјата е исклучена

Локалните турски власти го спречуваат влезот и илезот од военовоздухопловната база Инџирлик во близина на градот Адана, во која исто така е исклучена струјата, соопшти денеска Конзулатот на САД во Турција, јави Си-Ен-Ен.
Конзулатот ги предупреди американските државјани да ја избегнуваат таа воена база се додека не биде воспоставено нејзиното нормално, функционирање.
Воената база Инџирлик е постојана база на единиците на турското Воено воздухопловство, како и на американската воздухопловна единица, која се состои од околу 1.500 американски војници и цивилни службеници.
Од таа воена база полетуваат американските војници, кои извршуваат воздушни напади врз позиции на Исламска држава во Сирија и Ирак.
Пентагон синоќа соопшти дека ги презема сите неопходни чекори за да ја обезбеди безбедноста на американските војници, цивилни службеници и нивните семејства.
Претходно германското Министерство за одбрана соопшти дека се зајакнати се мерките за безбедност во базата
- Станува збор за планови за зголемување на готовноста, спроведени во вид на мерки за претпалзивост, со цел заштита на личниот состав, изјави претставник на Министерството, јави ТАСС.
Во базата Инџирлик, која се наоѓа во близина на сириската граница се стационирани 240 германски војници, кои учествуваат во воените операции против ИД.
Во меѓувреме генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека сите единици и кадри на НАТО во Турција се безбедни по обидот за воен удар.
Столтенберг нагласи дека за тоа добил уверување од главниот командант на Обединетите вооружени сили на НАТО во Европа, генерал Кртис Скапароти.
Ново на Сител
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
