БДП минатата година 720 414 милиони денари, за 7,6 отсто повисок од 2020-та

Бруто-домашниот производ во 2021 година изнесувал 720 414 милиони денари и во однос на 2020 година e номинално зголемен за 7,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Реалната стапка на раст на БДП во 2021 во однос на 2020 година е 3,9 отсто.
Најголемо учество на додадената вредност со 19,3 проценти во структурата на БДП во 2021 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Финалната потрошувачка во 2021 година во структурата на БДП учествува со 83,7 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во 2021 година, номинално расте за 10,4 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 67,7 проценти.
Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2021 година изнесува 66,2 отсто.
Вредноста на инвестициите во основни средства во 2021 година изнесува 162 392 милиони денари. Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 55,2 отсто, машините и опремата со 35,3, а останатите инвестиции со 9,5 проценти.
Ново на Сител
-

Алиу - Тошковски: Граѓаните да не користат пиротехнички средства, тие не се играчка, последиците се сериозни
-

Поевтинуваат бензините, дизелот и мазутот
-

Нема повредени патници во автобуската несреќа во Србија
-

Жена почина во Сараево откако дрво падна врз неа поради насобран снег
-

Царина спречи обиди за шверц на мобилни телефони, парфеми, над два тони храна, суплементи, тутун и живи птици
-

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Бадникови поворки 2026 во рекордни 80 градови – централна манифестација во Скопје
-

Вечерва нова четиричасовна блокада на Евзони за сите возила, утре и задутре сообраќајот ќе се одвива непречено
