-->
-->
Бејл во составот на Реал за пријателски натпревар со Рома
-->
Напаѓачот Герет Бејл е вклучен во составот на Реал Мадрид за пријателскиот натпревар против Рома.
Претходно беше објавено дека 30-годишниот Велшанец не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан и веројатно ќе го напушти тимот ова лето.
Главен претендент за услугите на Бејл беше кинескиот Џијангсу Сунинг, но страните не можеа да постигнат договор.
Исто така, постоеше опција играчот да оди во некој од англиските клубови, Манчестер хунајтед и Тотенхем, но трансфер-прозорецот веќе е затворен во Англија.
Така, веројатно е дека Бејл ќе остане во Реал, барем до зимата.
Пријателскиот натпревар Реал Мадрид – Рома ќе се одржи вечер од 20 часот на „Олимпико“ во Рим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
СДСМ и денеска бара разрешување на Христовски од директор во АНБ
-
Владата останува на ставот дека АНБ и Агенцијата за разузнавање треба да бидат споени во една институција
-
Мицкоски не очекува турбуленции со цената на струјата по Нова Година
-
Кардиолошки има недостиг од ангиограф
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски