Македонија
9. November 2016 - 16:36

Бејли: Поддршката на САД кон Македонија останува иста

Како и во минатите 25 години така и во иднина САД остануваат силен поддржувач за напредокот на Македонија. Амбасадорот Бејли, на утринскиот појадок организиран од амбасадата на САД за следење на изборните резултати порача дека и тој и неговиот тим од амбасадата продолжуваат да ги градата добрите врски помеѓу двете земји. Бејли порача дека денот на изборите помина, а она што следи е потребата за соединување.

И македонските политички партии очекуваат дека нема да има промени во политиката помеѓу двете земји со промената на претседателот на САД.

На утринскиот појадок присуствуваа претсавници на политичките партии, локалната власт, невладините организации. Секоја изборна година амбасадата на САД го организира следењето на резултатите, а годинава за прв пат по 2000та и помеѓу гостите се чуствуваше неизвесноста и значењето на секој глас до самиот крај.