Бектеши: Досега исплатени 23 милиони денари за 2.000 ваучери за домашен туризам за работници со ниски приходи
По завршување на изборниот процес Министерството за економија започна со исплата на финансиска поддршка за мерката – ваучери за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи.
-Досега се исплатени над 23 милиони денари за околу 2.000 ваучери искористени во домашните хотелски капацитети, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил
Согласно Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи за 2021 година за оваа мерка се предвидени 38 милиони денари за околу 3.500 домаќинства.
Според Јавниот повик, потврда – ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи можеа да добијат сите граѓани чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари и кои аплицираа на Јавниот повик кој беше објавен на 8 јуни 2021 година. До крајниот рок во Министерството за економија пристигнаа над 4.000 апликации. Ваучерите за туризам може да се користат најдоцна до 30 ноември 2021 година во домашните туристички капацитети кои што се пријавија на јавниот повик.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
