Бектеши: Компаниите и граѓаните ќе имаат навремена и квалитетна услуга во делот на снабдување со енергенси
Се се работи согласно планот за производство на ЕСМ и согласно сите планови кои се направени во Владата. Согласно тоа и граѓаните и стопанството навремено и во континуитет ќе имаат квалитетна услуга во делот на снабдување со енергенси, посебно со електрична и со топлинска енергија, а за неколку денови и со природен гас, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
– Кога сите членови на Владата кажуваат нешто јавно и кога излегува владин став од некој од членовите на Владата, тоа сигурно и ќе се случи како што и досега се случувало. Тоа потврдува дека од 1 декември компаниите од прехранбената индустрија ќе имаат фиксна цена на електричната енергија, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој нагласи дека и досега често се правеа лажни вести дека ќе има некакви рестрикции и дека се прави хистерија дека нешто ќе се изгуби.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст