Бектеши: Неделата ќе биде работна во туристичките места
Измените и дополнувањата на Законот за трговија се поднесени во Собрание, а се однесуваат на одредбите во однос на недела неработен ден, со што ќе се дозволи да се работи и во недела во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, и во трговија на мало и на големо. Се очекува најкасно за две недели да почне примената на новото, изменето законско решение.
Ова го изјави министерот за економија Крешник Бектеши, пред денешната средба со трговци од охридско-струшкиот регион, по што ќе направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија
Целта е, посочи минситерот Бектеши, сите стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност, имајќи ги предвид, рече, податоците за првите месеци, посебно во првиот квартал во делот на зголемување на туристите и тоа што е најавено во текот на летото кога има резервации, како и согласно сите податоци што ги има Агенцијата за туризам за странски туристи кои ќе ја посетат Северна Македонија, посебно регионот на Охрид и на Струга.
– Министерството за економија и Владата ќе продолжи со мерки за поттикнување и на домашниот и на странскиот туризам. За мерките со ребалансот сме предвиделе 15 милиони денари и ќе продолжиме со мерката за доделување ваучери за вработените со ниски приходи и на тој начин да го зголемиме бројот на домашни туристи. Секако дека ќе продолжиме и со другите мерки што ги спроведува Агенцијата за туризам и со чартер летови и да поттикнеме што повеќе странски туристи да го посетат овој регион, изјави министерот за економија.
Кога зборуваме за туристичките места, информира тој, тоа ќе важи за целата година и ќе се одреди согласно одредбите кои веќе ги има во Законот и согласно Законот за туристичка дејност.
– Дуќанџиите нема што да се плашат, ние тоа сме го ветиле и Законото за работни односи и Законот за трговија во делот на недела неработен ден и кога беше усвоен беше најавено дека во туристичките места ќе може да се работи и во недела во зависност од сезоната. Ние сега даваме простор да биде преку цела година во зависнот од тоа како ќе бидат и барањата, но ќе имаме поголем простор за да можеме да одлучуваме, рече Бектеши.
Додаде дека кога беше донесено ова законско решение, во инклузивен процес и тогаш е најавено дека во туристичките места ќе се дозволи работа и во недела имајќи предвид дека токму викенди има повеќе туристи во овие дестнации.
– Како што е наведено за шопинг моловите, посебно во Скопје и во други градови, сите тие работници кои ќе работат во недела, согласно ова ззконско решение, ќе добијат дневници зголемени 100 проценти. Тоа ќе важи за сите тие што ќе одлучат да ги отворат нивните продавници во недела и во Охрид и во Струга и во другите туристички места. Сите работници кои ќе сакаат да работат и во недела, ќе добијат дневници поголеми за 100 посто, а тие што се одредуваат согласно Законот за работни односи ќе добиваат 20 проценти, изјави министерот Бектеши.
Ново на Сител
-

Германскиот министер за одбрана Писториус изјави дека тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО се намалиле
-

Променливо облачно со дожд и засилен ветер, на места врнежите пообилни
-

Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате
-

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа
-

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради Задушница
-

Германски авиони ќе учествуваат во мисијата на НАТО „Арктичка стража“
-

Кос: ЕУ би можела да одбие Србија да има пристап до средства од пакетот од 1,6 милијарди евра
