Бектеши: Огромни парични средства се бараат од државата во арбитражните постапки
Кон државата има огромни парични побарувања од инвеститорите за арбитражните постапки кои се во тек. Побарувањата на само една од арбитражните постапки надминува 300 милиони евра, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
– Подготвени сме за сите арбитражни постапки и веќе имаме адвокатски куќи кои не претставуваат, но истовремено направивме и оперативен план. Убеден сум дека повеќето од арбитражните постапки веќе сме ги победиле, а Казандол и ОКТА се во тек и се во фаза на подготовка на документацијата, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој нагласи дека е убеден оти повеќето од постапките ќе завршат позитивно за државата и додаде дека во моментов се водат преговори со ОКТА за изнаоѓање вин-вин ситуација и за компанијата и за државата. За барањето на Еуромакс за раскинувањето на концесијата за рудникот Казандол посочи дека во моментов е пред Управен суд.
Предложените амандмани на пратеникот Сурија Рушити со кои се бара да се вградат филтри во термоелектраната Осломеј ги оцени како несоодветни бидејќи, како што кажа, АД ЕСМ има сопствен буџет кој не е поврзан со буџетот на државата поради што Собранието не може да носи одлуки за нивните инвестиции.
– На таков начин не може да се интервенира за да се вградат филтри во ТЕЦ Осломеј, рече Бектеши.
Тој нагласи дека Владата работи напорно за да се најде начин да се модернизира термоелектраната.
-Термоелектраната Осломеј работи помалку од три месеци годишно и прави големи загуби за ЕСМ. Работиме напорно да се најде начин за нејзина модернизација и да работи подолг временски период во годината за да не продуцира загуби за ЕСМ, потенцира Бектеши.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект