Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за „неколку недели“, соопшти Белата куќа.
-Иран има се што му е потребно за да се здобие со нуклеарно оружје. Се што им треба е одлука од врховниот лидер за да го сторат тоа, а ќе бидат потребни неколку недели за да се заврши производството на тоа оружје – изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе одлучи дали да го нападне Иран во следните две недели поради „значителни“ шанси за преговори.
Ливит, на брифинг прочита порака од Трамп, во која се вели дека имало „многу шпекулации“ за тоа дали САД ќе бидат „директно вклучени“.
Ливит не даде детали за тоа што го навело Трамп да верува дека преговорите со Иран се можни.
Трамп вчера изјави дека Иран побарал да испрати претставници во Белата куќа за да преговараат за договор за неговата нуклеарна програма и да го прекинат конфликтот со Израел. Иран негираше дека ќе го стори тоа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
